Иванов со честитка по повод празникот Курбан Бајрам

Претседателот Ѓорге Иванов по повод верскиот празник Курбан-бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија.– На овој празник, верниците од исламска вероисповед принесувајќи жртва – курбан го прославуваат приближувањето на човекот кон Бога. Овој ден е присетување на Ибрахимовата подготвеност да го жртвува својот син како знак на покорност кон возвишениот. Одбележувањето на Курбан бајрам го крунисува и аџилакот кој ја симболизира љубовта кон верата, обединувањето, солидарноста и отвореноста. Муслиманите низ светот го слават „празникот на жртвата“ како ден кога благосостојбата ѝ подава рака на сиромаштијата, помагајќи и споделувајќи со фамилијата, пријателите и сиромасите, нагласувајќи ги сите човечки доблести, вели во честитката претседателот Иванов.
Честитајќи им го празникот на сите верници од исламска вероисповед, Иванов им посакува благосостојба и мир во нивните домови.– На овој празник, верниците од исламска вероисповед принесувајќи жртва – курбан го прославуваат приближувањето на човекот кон Бога. Ов

Пронајдете не на следниве мрежи: