Изберете мобилен телефон со голема издржливост на батеријата!

Доколку издржливоста на батеријата ви е помеѓу првите приоритети кога купувате мобилен телефон, овие информации ќе ви помогнат во правилниот избор.Ви се случило вашиот мобилен телефон да сигнализира или вибрира и откако ќе го погледнете, очекувате да видите порака или e-mail и наместо тоа само опомена за празна батерија? Сигурно и додека зборувате на телефонот со празна батерија ја користите следнава фраза: “Батеријата ми е при крај, затоа морам брзо да зборувам!”  Можеби е време да инвестирате во телефон со поиздржлива батерија.
Не знаеме за вас, но самата помисла на носење на екстра-батерија или полнач наоколу, не е баш удобно и практично. Но да сме реални “паметните телефони” со нивниот голем екран на допир и брзи процесори користат многу енергија, така што не очекуваме да издржат повеќе денови со едно полнење. Сепак, нема изговор да не издржи телефонот барем еден ден.
За секој телефон што го разгледавме тука на gsm.mk ја тестиравме издржливоста на батеријата при постојано зборување, за да го измериме колку разговори можете да остварите помеѓу две полнења. Иако времето на разговори е не веродостојно затоа што не ги вклучува и другите начини при кои се троши батеријата во текот на денот, сепак е корисен индикатор за тоа какви очекувања да имате. За повеќето “паметни телефони” кои работат на 3G мрежа, просечното време за разговори е нешто повеќе од шест часа, што во никој случај не е лошо. Исто така, има голем број на телефони кои спаѓаат во рангот на седум до осум часа, што е уште подобро.
За оваа листа, искористивме телефони кои издржуваат најмалку осум часа разговор – некои издржуваат и повеќе од тоа – кои би ви биле корисни од утро до попладне со максимална функционалност без да треба да ги наполните.

Прв на листата е меѓу најпопуларните нови модели од паметните телефони кој ги има сите карактеристики за да се пофали како современ гаџет и мобилен телефон иако најголемата предност му е големината на екранот и резолуцијата, сепак Samsung Galaxy Note II N7100  може да се пофали и со навистина моќна батерија од 3100mAh и издржливост во мирување до 980 часа на 2G мрежа, 890 часа на 3G мрежа; Со разговори и работа до 35 часа во 2G и до 16 часа во 3G мрежа.

 

Вториот телефон кој спаѓа во средна категорија на мобилни телефони поради цената, но сепак со исти функции и квалитет како и поскапите телефон е Samsung Galaxy Ace 2 i8160 со батерија од 1500mAh и издржливост во мирување до 670 часа на 2G мрежа, 640 часа на 3G мрежа; Со разговори и работа до 16 часа и 20 минути во 2G и до 8 часа во 3G мрежа.

 

Третиот наш фаворит е мобилен телефон од производителот HTC, тоа е моделот HTC Desire X или познат и како HTC Proto, убав тинејџерски телефон со футуристички дизајн кој ги има сите функции за напреден паметен телефон. Тој поседува батерија од 1650mAh која во мирување издржува до 833 часа на 2G мрежа, 750 часа на 3G мрежа; Со разговори и работа до 20 часа и во 2G и до 10 часа во 3G мрежа.

 

Доколку барате едноставен и мал телефон, кој ви е потребен само за разговори и екстремно држење на батерија кој најчесто се практикува и како втор или службен телефон тоа се евтините модели на Nokia кои се со ознака од 3 бројки како моделите Nokia 100, 110, 111, 112, 113 и 114 кои немаат никакви напредни функции, не се големи потрошувачи на енергија а имаат и батерии со 800mAh кои побрзо се полнат и се полесни од батериите со повисок капацитет.
Повеќе на: GSM.mkВи се случило вашиот мобилен телефон да

Пронајдете не на следниве мрежи: