среда, 11 ноември 2026
Најново

Изборниот список прочистен, но тоа пак не е доволно за СДСМ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

СДСМ пред секој изборен циклус во земјава бараат причина изборите да не се одржат или однапред најавуваат дека нема да учествуваат, па се појавуваат на избори.Така е и сега, пред договорениот датум 24-ти април. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев панично се обидува да избега од изборите, а како една од причините наведува дека избирачкиот список не е прочистен.
Во прочистување на избирачкиот список, учествуваше токму неговиот сопартиец , потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.
Овој соработник на Заев и Шекеринска пред јавноста потврди дека избирачкиот список е прочистен и во него нема нерегуларности.
СДСМ преку Манчевски го признава прочистувањето на избирачкиот список согласно нивните барања, при што им биле прифатени сите забелешки. Нивните претставници во ДИК тогаш посочија дека немаат дополнителни забелешки.
-Ние настојуваме на нашите заложби за фер и демократски избори кои ќе се одвиваат според правилата и препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Можеме да заклучиме дека Избирачкиот список е прочистен, рече тогаш Дамјан Манчевски, претставник на СДСМ.Така е и сега, пред договорениот датум 24-ти април. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев панично се обидува да избега од изборите, а како една од причините

Поврзани вести