Изборот на Илиевски за судија во ЕСЧП е големо признание на македонскиот правосуден систем

Изборот на Јован Илиевски, обвинител од Одделот за организиран криминал и корупција за судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права е големо признание за македонскиот правосуден систем.Парламентарното Собрание на Советот на Европа со тајно гласање го изгласа обвинителот Јован Иливески да биде новиот судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права.
Илиевски е избран со 106 гласа,  останати кандидати од Македонија беа Наташа Габер-Дамјановска и Звонимир Јанкуловски.
По неговиот избор, веднаш на Фејсбук се огласи Мирјана Најчевска, која е самопрогласен борец и експерт за човекови права.
-Советот на Европа е составен од група многу поткупливи луѓе кои немаат појма од човекови права.Советот на Европа со изборот на Јован Илиевски за судија во ЕСЧП покажа дека ја поддржува фашистичката власт во Република Македонија. Еден единствен кандидат да беше, не смееше да биде избран, а во споредба со Наташа …И јас дефинитивно немам верба во овој суд. Немам верба дека е составен од луѓе кои можат да судат врз основа на ЕКЧП.Срамна и бедна одлука на Советот на Европа која ќе има далекусежни последици не само врз Македонија туку врз секој иден случај кој ќе дојде пред судот, а кој ќе биде решен со мито.Ова беше местото каде што се бараше конкретна одлука на европските држави да покажат кого го поддржуваат во оваа држава.Не продавање пуфки, не држење лекции, не држење предавања.Требаше да изберат.И тие избраа.Јасно и гласно ја поддржаа мафијата.Срам да ви е, напиша Најчевска на Фејсбук.Парламентарното Собрание на Советот на Европа со тајно гласање го изгласа обвинителот Јован Иливески да биде новиот судија од Македонија во Европск

Пронајдете не на следниве мрежи: