Издадени се два нови броја на „СТРИП КРЕАТОР“

Со финансиска поддршка од страна на Министерството за култура, Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес ги издаде бр 23 9 бр 24 од ревијата „СТРИП КРЕАТОР“ .Ова списание е продолжение на поранешната ревија СТРИП АРТ и заедно со специјалното издание „СТРИП АЛМАНАХ“ е единственото стрип списание кое постојано се издава.Македонскиот стрип центар како издавач на оваа ревија, продолжува да ја запазува традицијата да ги објавува наградените стрипови од последно одржаниот, 13. по ред ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН СТРИП САЛОН „ВЕЛЕС 2015“.
Меѓутоа, се запазува и праксата да свое место најдат и избрани македонски автори од овој фестивал,коишто се се побројна и треба да се поддржува.Во СТРИП КРЕАТОР бр 23 и 24 се застапени имиња како што е; пред с доајенот Миле Топуз, потоа Раде Дичоски, Мирко Бојаџиевски, Ненад Станчев,Оливер Цветковски, Јована Велинова, сестрите Ана и Јана Лазарески, како и децата Никола Димов и Димитар Димовски. Со свои авторски текстови за поранешната стрип ревија „МАК СТРИП“, како и за познатиот издавач Ервин Рустемагиќ се јавува Александар Стеванов, кој истовремено ги подготви и македонските фонтови во преведените стрипови. И овие изданија можат да се најдат во специјализираната стрип книжарница „БУНКЕР“ Скопје.
Изјава од СЦМ-Велес:
„…- Интернационалниот стрип салон и оваа ревија се место каде бројни македонски стрип автори ги издале своите први стрипови,први контакти со автори ,издавачи и фестивали од други држави, први искуства и поттик за нивно натамошно делување во развојот на македонската стрип сцена. Без лажна скромност, преку тоа го имаат стекнато имиџот на вистинска матица на современата македонска стрип сцена Има неискористен потенцијал во македонската стрип сцена кој треба да се поддржи, безусловно. Стрип центарот тоа и го прави во континуитет.“Македонскиот стрип центар како издавач на оваа ревија, продолжува да ја запазува традицијата да ги објавува наградените стрипови од последно одржан

Пронајдете не на следниве мрежи: