Синоќа избувнал пожар во станот на српскиот актер Љубивое Тадиќ, во кој загина неговата сестра, а тој и неговата мајка се тешко повредени.Актерот добил тешки изгореници од втор и трет степен и се наоѓа во болница. Неговата мајка е во потешка состојба и се наоѓа на интензивна нега.
Смртта кај неговата 57-годишна сестра била констатирана на лице место, а од српската полиција беше соопштено дека телото ѝ било јагленисано од пожарот кој најпрво ја зафатил нејзината соба од станот.
Во станот се наоѓале сопругата и двете деца на актерот, кои не се здобиле со сериозни повреди.
Актерот добил тешки изгореници од втор и трет степен и се наоѓа во болница. Неговата мајка е во потешка состојба и се наоѓа на интензивна нега.



