Изјава на експерти: Нонковиќ се нападнал сам

Eден дел од медиумите во Македонија, врз основ на изјава на нападнатиот и на сведоците, ја пренесоа веста дека вчера во просториите на МИМ активистот Петрит Сараќини се обидел физички да го нападне дописникот на МИА од Брисел Бобан Нонковиќ вербално заканувајќи му се по живот.Останатиот дел од медиумите познати по својата објективна експертиза ја пренесе веста дека денес е Велики Четврток, сонцето изгреа во 06:06 и дека времето ќе е променливо облачно, известија за средбата на Ципрас и Путин и санкциите на Иран, а низ заби поткажаа дека „провладините медиуми шпекулираат за наводен напад на Сараќини врз Нонковиќ“.
Бозаностра дознава дека не е точна веста за напад врз Нонковиќ од Сараќини, кој се случил наводно поради тоа што дописникот на МИА шпекулирал за наркотичните навики на активистот Петрит, не е точно ни дека Сараќини често го провоцирал Нонковиќ обидувајќи се да испровоцира реакција, како и дека има сведоци кои го држеле Сараќини откако овој лупнал со метален држач за камера по маса и викал „ќе те убијам“.
Бозаностра исто така дознава дека доколку се јават сведоци кои ќе ја поткрепат изјавата на Нонковиќ, слободарските медиуми ќе се апсолутно сигурни дека станува збор за сведоштво под притисок со цел да се запре во растот големиот новинарски потенцијал на Сараќини од кој се плашат сите, и оваа власт и оние кои сакаат да станат власт.
Се разбира дека доколку и самиот Сараќини признае дека се обидел да му се заканувал по живот на Нонковиќ, носителите на слободарскиот дух во медиумскиот простор за кои овој напад е измислица на медиумите блиски до власта, Нонковиќ, сведоците, МВР и Миленко – ќе бидат уверени дека ни Сараќини не знае што зборува и дека тие знаат подобро од него што се случило во просториите на МИМ.
Засега според објективните слободарски експерти најверојатно е дека дописникот на МИА од Брисел, Бобан Нонковиќ, се нападнал сам поради незадоволство од текстовите кои ги пишувал.
Извор: БозаностраОстанатиот дел од медиумите познати по својата објективна експертиза ја пренесе веста дека денес е Велики Четврток, сонцето изгреа во 06:06 и дека

Пронајдете не на следниве мрежи: