Изложба на академската сликарка Тања Балаќ

Ве известуваме  дека на ден 03. 09. 2015, со почеток во 20,00 часот, во галерискиот простор на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје (ул. „Мајка Тереза“ бр. 1) ќе биде отворена 21. самостојна изложба „Invisible Exposure“ на Татјана Балиќ.Изложбата опфаќа  дела работени во последните две години, кои  ја преиспитуваат положбата на човекот во современиот свет, кој всушност е „озрачен“ со севкупниот технолошки развој и секако со се подоминантната дигитална технологија.
Таа прави обид  да укаже на осаменоста на поединецот во светот во кој владее императив на социјална вмреженост во виртуелното секојдневие. Живееме во време во кое како да ни е неопходно „свесно слепило“, за да ја сочуваме илузијата за самите себеси, или пак за светот во кој живееме. Што поголемо е лудилото, толку сме колективно поспремни на себезалажување…
Авторот на текстот за каталогот, Горанчо Ѓорѓиевски, меѓу другото истакнува: “Балаќ елспериментира и создава уникатен спој во нејзините слики, користејќи класични сликарски техники надополнети со несликарски материјали (плексиглас и печатен текст), создавајќи дела чија инспирација е човекот.
Изложбата ќе биде отворена до 20. 09. 2015.Изложбата опфаќа  дела работени во последните две години, кои  ја преиспитуваат положбата на човекот во современиот свет, кој всушност е

Пронајдете не на следниве мрежи: