Изложба на делата создадени на 23. Интернационална кичевска ликовна колонија во Музејот на Град Скопје

Во вторник (на 20.12.2016)е отворањето на изложбата на делата создадени на 23-та Интернационална кичевска ликовна колонија во Музејот на Град Скопје. Отворањето е во 19 часот, а делата ке бидат изложени до 10.01.2017 година.На 23. Интернационална кичевска ликовна колонија учествуваа 23 учесници од 13 држави: Македонија, Израел, Кипар, Индија, Ирак, Албанија, Бугарија, Србија, Германија, Казахстан, Хрватска, Косово и Турција.
Се изработија 65 нови дела во различна техники, акрил на платно, масло на платно, комбинирана техника како и 4 склуптури од метал и 1 скулптура од дрво.
Во прекрасниот амбиент во Куќата на Уметноста, далеку од вревата и тешките македонски горештини, во креативна творечка и релаксирана атмосфера од 02 до 16 јули 2016 година се одржа 23. Интернационална кичевска ликовна колонија.
Имавме можност да видиме различни светови и индивидуални пристапи при утврдување на своите ликовни образци. Секој од овие творци, преку изборот на својот личен ликовен говор се обидуваа да воспостават една нова врска меѓу духот и сопственото време, да ни ја откријат вистината и од онаа страна што ние помалку позната. Тоа беше комуникација или нова визуелна размена на мислења.На 23. Интернационална кичевска ликовна колонија учествуваа 23 учесници од 13 држави: Македонија, Израел, Кипар, Индија, Ирак, Албанија, Бугарија,

Пронајдете не на следниве мрежи: