Изложбите „Пристапност„ и „Дизајн за достоинствен живот“ свечено се отвораат во вторник во изложбениот салон на Дом на АРМ

Изложбите ќе може да се посетат на денот на отворањето и во наредните две недели, заклучно со 16 октомври.Амбасадата на Шведска, во соработка со Шведскиот институт,  утре во изложбениот салон на Дом на АРМ со почеток во 19 часот свечено ги отвора изложбите „Пристапност” и „Дизајн за достоинствен живот”.Низ објективите на фотографот Маркус Марчетич прикажани се фото портрети на 14 Швеѓани со посебни потреби, додека фотографот Томислав Георгиев  портретира 11 Македонци. Нивните приказни раскажани се од Рикард Лагерберг и Небојша Илијевски. Заедно, овие 25 фото приказни ни ги презентираат предизвиците, но уште повеќе, успесите на лицата со посебни потреби во Шведска и Македонија.
Изложбата „Дизајн за достоинствен живот” е сочинета од 22 производи – иновативни решенија наменети да им го олеснат животот на лицата со посебни потреби и нивните негуватели. Од екстра лесни колички и пристапни рампи, преку ИТ решенија и прилагодени друштвени игри, до специјално дизајнирани пакувања и прибор за јадење, оваа изложба има за цел да претстави постоечки иновативни решенија и инспирира нови.Изложбите ќе може да се посетат на денот на отворањето и во наредните две недели, заклучно со 16 октомври.Со отварањето на изложбите, изложбениот простор и концертната сала на Домот на Армијата за првпат стануваат пристапни за лицата со посебни потреби, бидејќи токму таа вечер во употреба ќе биде ставена донираната пристапна рампа.Амбасадата на Шведска, во соработка со Шведскиот институт,  утре во изложбениот салон на Дом на АРМ со почеток во 19 часот свечено ги отвора и

Пронајдете не на следниве мрежи: