„Изневерно време“: Нова поетска збирка во издание на „Антолог“

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство го најавува објавувањето на поетската збирка „Изневерено време“ од македонскиот поет Милчо Мисоски.Збирката е трета поетска книга на Мисоски и се состои од 38 песни, поместени во два циклуса: „Замолкнати зборови“ и „Во центарот на зборот“. Почетната песна „Време“, пак, која не е дел од овие два циклуса, во онтолошка и во философско-есхатолошка смисла ја претставува средишната тема на книгата.
„Поет кој доаѓа со сигурен чекор во простор што се освојува со творештво, со примена на сигурна постапка и со строго утврдени мерила за уметничкиот израз. Книгата Изневерено време од Милчо Мисоски е дело поттикнато од застрашувачката реалност, моралниот пад и од назадувањето на човештвото, наспроти усилбите и надежите на разумното битие или на лирскиот субјект“, се вели во рецензијата за оваа книга.
Милчо Мисоски е роден на 26 септември 1972 година во Струга. Бил еден од уредниците на училишниот весник „Јужен бран“ во Охрид. Наградуван е на Радио Охрид за поезија. Во 1989 година бил учесник на „Ратковиќевите вечери на поезијата“ во Бијело Поље (Црна Гора), каде што добил награда за најдобра книга од млад автор. Негова поезија е објавувана во повеќе списанија на просторот на поранешна СФРЈ, како во „Мостови“, „Одзиви“ итн. Бил учесник на Европскиот поетски фестивал во Плав (Црна Гора) во 1990 година. Застапен е во антологијата „Поетите од Струга“, во издание на Струшките вечери на поезијата (2001), како и во други литературни и поетски зборници. Досега има објавено три поетски збирки: „Чекајќи го ангелот“ (1991), „Записки“ (2013) и „Изневерено време“ (2016). Живее и твори во Струга.
Рецензент на книгата е писателот Тоде Илиевски.Збирката е трета поетска книга на Мисоски и се состои од 38 песни, поместени во два циклуса: „Замолкнати зборови“ и „Во центарот

Пронајдете не на следниве мрежи: