Израелски дипломат ограбен од средношколци во Лесковац

Заменикот амбасадор на Израел во Србија, Ејал Наор останал без својата камера додека пред средношколци во Лесковац ги презентирал израелските искуства во областа на ученичкото претприемништво.Кражбата ја потврди и портпаролката на градоначалникот на Лесковац Саља Цониќ, јави во четвртокот Б92.„Му понудивме надомест за штетата на нашиот уважен гостин, но тој одби и не сакаше да придава значење на овој случај“, рече Цониќ за агенцијата Бета.Таа истакна дека до амбасадата на Израел е упатено извинување, како и дека сите жалат поради овој инцидент.Никој во Лесковац нити по вториот ден од посетата на израелскиот дипломат не знае како исчезнала неговата камера, чија вредност е околу 3.000 долари.
МакфаксЗаменикот амбасадор на Израел во Србија, Ејал Наор останал без својата камера додека пред средношколци во Лесков

Пронајдете не на следниве мрежи: