Изумот на 16 годишно девојче ќе го смени светот!

Ен Макосински имаше само 16 години кога го освои локалниот саем за наука со својот изум – фенерче што свети и исклучиво се напојува со топлината од раката. Таа е на пат кон менување на светот.Пред две години, Макосински беше инспирирана од една пријателка од Филипините, каде немаат електрична енергија. Девојчето и кажало на Ен дека таа не можела да ја заврши својата домашна задача и поради тоа е неуспешна во училиште.
Па Ен почнала да експериментира со Пелитиер плочки, кои произведуваат електрична струја кога спротивните страни се загреваат и лади во исто време. Таа стана инспирација за користење на телесната температура како извор на енергија.
„Ние имаме толку многу енергија што зрачи од нас и тотално е неискористена“ – изјавила таа.
Ен поминала месеци работејќи на проектот; нејзиниот патентиран дизајн користи трансформатор на нејзината сопствена креација. Неверојатно, но проектот го освои само второто место во локалниот саем за наука.

Но наставникот во нејзиното училиште ја убедил да го поднесе проектот на Google 2013 саемот за наука. Откако беше именувана како финалист во септември, отпатувала во седиштето на компанијата.
Ен зела награда од 25.000 долари стипендија, бидејќи победила во нејзината возрасна група.
Додека откритието на Ен трпи некои измени за да се најде на пазарот, таа вели дека е повеќе фокусирана на помагање на луѓето отколку за профитот од изумот: „Сакам да бидам сигурна дека моето фенерче ќе биде достапно за оние на кои навистина им е потребно.“Пред две години, Макосински беше инспирирана од една пријателка од Филипините, каде немаат електрична енергија. Девојчето и кажало на Ен дека таа н

Пронајдете не на следниве мрежи: