Извештајот на „Транспаренси Интернешнл“ има политички мотиви и изобилува со неточни податоци

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудова на гостување во ТВ Нова истакна дека извештајот на „Транспаренси Интернешнл“ е политички мотивиран кој изобилува со необјективни и неточни податоци.
 -Сосема зачудува негативниот тон со кој изобилува ова соопштение на „Транспаренси Интернешнл“. Сметам дека нема потреба од нешто такво. Особено е симптоматичо што овој извештај е објавен во октомври, а од тогаш „Транспаренси Интернешнл“ не реагирал со ниту еден збор и анализа на самиот извештај и состојбата во врска со препораките, а сега користи еден осетлив политички момент кога треба да се формира Владата во Република Македонија за да даде вакво еднострано и обоено соопштение, потеницираше Арнаудова.
Таа истакна дека најблаго речено ваквото соопштение е смешно и сака да создаде перцепција дека системот во Македонија не функционира и дека институциите на системот се нефункционални, што не е точно.
-Веднаш по објавувањето на извештајот во целосна координација со министерството за правда, со мене како шеф на делегацијата ги детектиравме обврските, за сите носители на обврски, значи за сите инстититуции кои што ќе продолжат со имплементација на овие препораки. Многу е важно да се каже дека ГРЕКО во самиот извештај наведе дека гиподдржува реформите, меѓутоа изразува жалење дека тие реформи не можат да се спроведат до крај поради настанатата политичка криза, истакна Арнаудова.
Арнаудова додаде дека не е прв пат „Транспаренси Интернешнл“ вака да изреагира со необјективни и неточни податоци.
-Значи не е прв пат во ваквите соопштенија само да цитираат и да препишуваат препораки на извештајот за напредок на ЕК па од тука се поставува прашање кому му користат овие извештаи и кој ги чита. Јас како директор на академијата би ги поканила не само „Транспаренси Интернешнл“ и другите меѓународни организации кои што финансираатпроекти во судството се освнра таа.
На крајот Арнаудова порача дека овие организации наместо да се занимаваат со празна политичка реторика, да помогнат со отворени, констркутивни, со конкретни мерки, со кои ќе се подобрат состојбите во судството.-Сосема зачудува негативниот тон со кој изобилува ова соопштение на „Транспаренси Интернешнл“. Сметам дека нема потреба од нешто такво.

Пронајдете не на следниве мрежи: