Ја вложил својата куќа во кладба за победа на Арсенал

Еден навивач на „Топџиите“ од Уганда ја вложил својата куќа во кладба за победа на Арсенал против Јунајтед. Спротивната страна како влог ја дала својата жена и новиот пикап на Тојота.Англија е далеку, но Премиер лигата во Африка се обожува. Во некои земји постојат и навивачки клубови, а дресовите на тимовите од најквалитетната лига во светот добро се продаваат низ афричките градови.
Поради тоа приказната од Уганда не е толку неверојатна како што се чини на прв поглед.
Имено, извесен Хенри Дабасани, голем фан на Арсенал се кладел на победа на својот тим против Манчестер Јунајтед во дербито одиграно во неделата. Како влог тој ја ставил својата скромна куќа со две соби која се наоѓа во Кампала.
Од другата страна бил Рашид Јига, навивач на Јунајтед кој ја вложил својата жена и новиот, тазе купен пикап Тојота.

Во присуство на сведоци договорот бил заверен на суд, а го потврдиле и локалните верски лидери, што секако претставувало поголема гаранција.
Исходот веќе е познат, Јунајтед победи со 1:0, а Дабасани на крајот од мечот се онесвестил.
Благодарејќи на Ван Перси Рашид Јига сега има уште една куќа.
Во понеделникот Јига дошол со полиција и уште неколку навивачи на Манчестер Јунајтед, го исфрлил Дабасини и неговото семејство на улица, а полицијата асистирала бидејќи според документите тој бил новиот сопственик на куќата.Англија е далеку, но Премиер лигата во Африка се обожува. Во некои земји постојат и навивачки клубови, а дресовите на тимовите од најквалитетната л

Пронајдете не на следниве мрежи: