Јаценјук поднесе оставка!

Украинскиот Арсениј Јанценјук на заседание на Врховната Влада (парламентот) во четвртокот ја објави својата оставка, откако беше објавено дека престанува да постои владејачката парламентарна коалиција Европски избор, чии членки соопштија дека со тоа му овозможуваат на претседателот Петро Прошенко да го распушти сегашниот состав на парламентот и да ја покрене процедурата  за распишување предвремени парламентарни избори.„Во тој случај, доколку нема нова коалиција, и актуелната коалиција во парламентарно-претседателската република се распадна, владата и премиерот ја објавуваат својата оставка. Јас ја објавувам својата оставка во врска со распадот на коалицијата и блокирањето на владините иницијативи“, изјави премиерот Арсениј Јаценјук, кој дојде на должноста по февруарскиот преврат кога по безредијата започнати ланскиот ноември откако поранешниот претседател Виктор Јанукович реши да го суспендира потпишувањето на Спогодбата за придружување и слободна трговија со Европската унија, на власт без избори дојде прозападната поранешна опозиција.Според Јаценјук неприфатливо дека парламентот не го поддржале предлог законот чија цел беше создавање услови за социјална поддршка за припадниците на украинската армија, милиција, на образовниот кадар, како и одбивањето да биде поддржан предлог законот со кој на владата и’ се овозможуваше да продаде 49 отсто од државниот оператор ГТС Украина на инвеститори од САД и од ЕУ.„Резултат од распадот на коалицијата е недонесувањето на законите со кои ќе се пополнеше приходната страна на Буџетот. И тоа е јасно: кој сака да оди на избори и истовремено да гласа за непопуларните закони“, додаде Јаценук. Според него, сегашниот состав на владата на Украина, можеби, по неколку години ќе биде сметана за пример. „Дали сум задоволен од она што го сработив? Се разбира дека не. Сакав да направам повеќе и подобро, побрзо. Но одговарајќи на прашањето дали сме сториле сé што можевме, во рамките на нашите сили, давам потврден одговор – да, направивме“, истакна Јаценјук, на седницата во украинскиот парламент пренесувана на  украинските електронски медиуми.

Според него, она што во четвртокот претходно се случи во парламентот, ќе има многу сложени, ако не и драматични последици за земјата. Според уставот на Украина, оставката на премиерот повлекува оставка на целата влада.  Кабинетот чија оставка ја прима парламентот, продолжува да ги исполнува своите овластувања и должности до формирање на новата влада.Претходно во четвртокот, двете парламентарни групи, УДАР на Виталиј Кличко кој стана градоначалник на престолнината Киев со поддршка на претседателот Петро Порошенко во чија полза претходно ја повлече својата претседателска кандидатура, и националистичката партија Слобода, за која се врзува ултранационалистичкото движење Десен сектор, како и фракционери од пратеничката група на најбројната партија Баткившчина (Татковина) на поранешната премиерка Јулија Тимошенк го објавија растурањето на мнозинската парламентарна коалиција што ќе овозможи распуштање на актуелниот состав на Врховната Рада. „Сметаме дека во сегашната ситуација парламентот кој ги штити државните криминалци и руските агенти, кој одбива да им го укине имунитетот на оние коишто работат за Кремљ, не треба ни да опстане“, изјави челникот на Свобода, Олег Тјагнибок.Украинскиот претседател Петро Порошеко го поздрави излегувањето на двете партии од владејачката парламентарна коалиција, истакнувајќи дека „Украинците сакаат целосно нов почеток“. Претходно во четвртокот, претседателот на украинскиот парламент, Олександр Турчинов, го најави распуштањето и забраната за дејствување на пратеничката група на Комунистичката партија на Украина (КПУ) која е обвинета дека јавно го поддржува „прорускиот сепаратизам“ на истокот на земјата.„Ова е историски момент. Се надевам дека никогаш повеќе нема да има комунистички групи во украинскиот парламент“, истакна Турчинов, кој го искористил неодамна усвоениот закон кој му овозможува распуштање на некои пратенички групи кои имаат мал број пратеници. Во украинскиот парламент кој го сочинуваат 450 пратеници, 23 од нив беа комунисти.  Шефот на пратеничката група од Комунистичката партија, Петро Симоненко, одлуката на Турчинов ја оценил како „нелегална“.Украинската влада на 8-ми  јули соопшти дека е покрената судска постапка со која ќе го забрани дејствувањето на Комунистичката партија,  бидејќи според сознанијата на украинската служба за безбедност, локалните одбори на комунистите ги поддржувале проруските бунтовници на истокот од Украина кои се борат против владините сили за безбедност„Во тој случај, доколку нема нова коалиција, и актуелната коалиција во парламентарно-претседателската република се распадна, владата и

Пронајдете не на следниве мрежи: