“Јадете повеќе за да ги изгубите килограмите”

Не прескокнувајте ги оброците, јадете повеќе за подобар изглед и сметајте ја храната за пријател – ова се некои од советите кои ги дели познатата Инстаграм ѕвезда, Неса Сфер.Оваа фитнес тренерка е доказ дека грешиме кога ги избегнуваме оброците, бидејќи сме уверени дека тоа ќе донесе помалку килограми и повитка линија. 
Неса, четири години работела во финансии, ставајќи ја работата на прво место, а не своето здравје. Кога се свртела кон здравиот начин на живот, своите промени започнала да ги документира на Инстаграм, каде има 358 илјади следбеници.
“Многу од нас кога размислуваат за здравата исхрана, замислуваат порција салата со пилешко. Но, дали е тоа доволно за да ја исполните вашата цел? Дефинитивно не”, напишала таа во еден од нејзините објави.
“Една од најголемите причини зошто не ги постигнувате посакуваните резултати е тоа што едноставно не јадете доволно”.
Таа објаснила дека оние кои се на фитнес режим, се свртуваат кон кардио вежби и драстично го намалуваат внесот на калории за да стигнат до брзи резултати, а тоа најчесто му штети на организмот.
“Кога не јадете доволно, вашето тело е во некој вид на паника и се префрла во состојба на изгладнување. Со тоа, вашиот метаболизам се забавува бидејќи не знае кога и дали воопшто ќе добие нова доза на калории”, објаснува Неса.

Сето тоа го забавува согорувањето на маснотии, а слабеењето станува побавно. Луѓето со тоа се свртуваат кон уште помали оброци и си создаваат уште поголем проблем.

“Кога помалку јадете, вие сте гладни, немотивирани и спремни да се откажете”, наведува жената која дневно консумира пет до шест избалансирани оброци, помеѓу 2000 и 2200 калории. Освен тоа, таа вежба пет пати во седмицата, комбинирајќи вежби со тегови и кардио вежби.

“Константно напредувам и многу поубаво изгледам кога имам повеќе килограми. Моето тело знае дека на секои три часа ќе ја добие својата доза здрава храна и не ја чува енергијата. За градењето на мускули и слабеењето ви е потребно големо трпение”, истакнува Неса.
 Оваа фитнес тренерка е доказ дека грешиме кога ги избегнуваме оброците, бидејќи сме уверени дека тоа ќе донесе помалку килограми и повитка линија.&

Пронајдете не на следниве мрежи: