сабота, 14 ноември 2026
Најново

Јадете пуканки!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Секако дека секоја храна може да се уништи со претерано додавање на сол или маснотии, но ако не се претрува со додатоците пуканките се одлични за крвните садови, органите за варење, а превенираат и од рак.
„Повеќето луѓе не знаат дека пуканките се житарици со полно зрно кои го намалуваат ризикот од срцев удар или рак, а само 30 грама пуканки се подеднкво добри како и порција кафев ориз или интегрални тестенини“, вели Catherine Collins, главниот нутриционист во лондонската болница St George. Пуканките содржат три пати повеќе хранливи влакна отколку истата количина на сончогледово семе заради што многу подолго време ќе се чувствувате сити.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Освен тоа пуканките го регулираат и нивото на шеќер во крвта, го намалуваат штетниот холестерол, а содржат и витамин Б. Истражувањето објавено во научното списание „American Chemical Society“ сугерира дека вистинската вредност на пуканките се крие во изненадувачки големата количина на полифеноли кои ги уништуваат слободните радикали кои предизвикуваат сериозни заболувања како рак и срцеви проблеми.

Секако сета позитивно влијание може лесно да се уништи со премногу сол, шеќер или масти. Затоа внимателно со додатоците.

Поврзани вести