Јана Бурческа ќе ја претставува Македонија на Евровизија

МРТ одлучи на овој престижен и реномиран музички натпревар, честа за претставување на Јавниот национален радиодифузен сервис и Македонија, да ѝ се довери на младата македонска интерпретаторка Јана Бурческа.Македонската Радио Телевизија како членка на Европската Радиодифузна Унија, донесе одлука со која се дефинира учеството на Македонија на претстојното 62 издание на најголемиот меѓународен музички фестивал во Европа „Избор за песна на Евровизија“ Киев, 2017 година.
Имајќи го предвид фактот дека според правилата на EBU, секој Национален радиодифузер има целосно право и слобода на избор на форматот низ кој се одлучува актуелниот национален претставник, МРТ одлучи на овој престижен и реномиран музички натпревар, честа за претставување на Јавниот национален радиодифузен сервис и Македонија, да и се довери на младата македонска интерпретаторка Јана Бурческа.
МРТ смета дека соработката што следува со Јана Бурческа, заедно со авторскиот тим на композицијата којашто ќе биде одбрана, ќе резултира со модерен и пред се атрактивен евровизиски производ , со афирмативен национален карактер во контекст на достојното претставување на Македонија пред европската и светска културна јавност.
За терминот на официјалното претставување на композицијата со којашто Македонија ќе се натпреварува на Евровизискиот Избор во Киев – Украина 2017, МРТ дополнително ќе ја информира македонската јавност.Македонската Радио Телевизија како членка на Европската Радиодифузна Унија, донесе одлука со која се дефинира учеството на Македонија на претстојно

Пронајдете не на следниве мрежи: