Јанакиески изјавува: „Кинеската компанија собира понуди од македонски изведувачи“

Изградбата на локалните патишта се одвива според динамиката. Во текот на оваа година ЈП заедно со локалните самоуправи има изградено 145 километри локални патишта.Ова го истакна директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски на отворената владина седница одговарајќи како се одвива реализацијата за изградба на локални и регионални патишта и автопати.
-Изградени се вкупно 14 магистрални и локални патни правци. Паралелно работевме на санација на мостови. Беа завршени мостот кај Ново Село- гостиварско, мост во неготинско, се изгради нов мост во Струмица, се санираше мостот во Македонски брод, рече Георгиевски.
Тој потенцираше дека има прогрес во изградбата на на автопатот Демир-Капија Смоквица.
Во однос на најавените автопати Миладиновци-Штип и Кичево – Охрид, министерот Миле Јанакиески истакна дека кинеската компанија  собира понуди од домашните изведувачи.
-Кинеската компанија собира понуди од домашните изведувачи, согласно договорот да бидат 49 отсто македонски изведувачи. Се прави организација на терен. Она што следи е одобрување и потпишување на договорот на средства и во првиот квартал од 2014 да започнат градежните работи, рече Јанакиески.  Ова го истакна директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски на отворената владина седница одговарајќи како се одвива реализацијата за изгр

Пронајдете не на следниве мрежи: