Јапонија и кажа ЗБОГУМ на детската порнографија

Според новиот закон, секој кој „поседува детска порнографија со цел за задоволување на неговите или нејзините сексуални желби“ ќе се соочи со казна затвор од една година или со парична казна од 9.800 долари.Јапонија конечно донесе закон со кој се забранува поседувањето на детска порнографија и со тоа им се придружи на другите развиени земји од светот.
Горниот дом на јапонскиот парламент изгласа закон со кој се забранува поседување на фотографии и снимки од деца помлади од 18 години, но со законот не се опфатени јапонските стрипови (манга) и анимациите, пренесоа западните агенции.
Јапонија беше една од членките на групата G7 индустријализираните земји, во која поседувањето на детската порнографија беше легално, што е забрането и казниво во повеќе од 70 земји.
Активистите во Јапонија сметаат дека би требало да се отиде понатаму и да се забранат и стриповите, анимациите и компјутерските содржини во кои често има „сексуално искористување на децата“.Јапонија конечно донесе закон со кој се забранува поседувањето на детска порнографија и со тоа им се придружи на другите развиени земји од светот.

Пронајдете не на следниве мрежи: