Јасмин Алиевски со награда на фестивал во Русија

Јасмин Алиевски (23) учествуваше на меѓународниот музички фестивал „Арт“ во рускиот град на Црното море, Новоросииск кадешто во повеќе категории се натпреваруваа музичари и пејачи од целиот свет. Јасмин, како единствен претставник од Македонија, во категоријата естраден вокал во старосната група од 20 до 25 години, го освои признанието лауреат од втор степен.По изведбата на хитот на Џош Гробан “You raise me up” во полуфиналната вечер, Јасмин си обезбеди пласман во финалето кадешто ја отпеа „Срце није камен“ на Тоше Проески, а доби и покана да учествува на концертот следниот ден на кој настапуваа наградените изведувачи. Меѓународниот музички фестивал „Арт“ е член на Светската асоцијација на фестивали.
Македонската публика го запозна Јасмин Алиевски преку фестивалските настапи, прво на „Макфест“ со темата “Далеку од тебе”, каде се пласираше во финалната вечер, па со „Давам се“ на „ Охрид Фест“, а доста успешна беше и „Сакам да заборавам“, за која беше снимен видео запис.По изведбата на хитот на Џош Гробан “You raise me up” во полуфиналната вечер, Јасмин си обезбеди пласман во финалето кадешто ја от

Пронајдете не на следниве мрежи: