Јавноста сака да ја растргне Анџелина: Откриено како ги избирала децата во Камбоџа

Популарната актерка Анџелина Џоли прв пат по подолго време даде интервју. Но, откако ќе види како реагираше јавноста на поедини делови од интервјуто, уште долго нема да им се обрати на новинарите, пишува Glossy.
Иако е позната како голем хуманитарец е повеќе од 15 години им помага на сиромашните заедници во државите разорени со војната, Анџелина деновиве мора да поработи на својот имиџ особено во Камбоџа. Славната актерка има посебен однос со оваа земја и нејзините жители бидејќи оттаму го посвои своето прво дете-синот Медокс, а потоа го режираше својот втор филм.
Анџелина моментално го промовира токму ова остварување, насловено „First They Killed My Father: A Daughter of Cambodia Remembers“. Главната улога и пропадна на аматерката Сареум Среј Мич, а Анџелина во интервју за „Венити фер“ објасни како ги избирала актерите. Нејзината тактика била мошне крута психолошка игра која ниту едно дете не треба да ја доживее и поради која имало и солзи.
Имено, таа ставала голема сума пари на маса и барала од децата да смислат нешто за што им требаат тие пари. Потоа на децата им било дозволено да ги земат парите, а режисерот би ги фатил во кражба и децата морале да смислат некаква лага на лице место.
-Среј Моч долго ги гледаше парите. Кога беше приморана да го врати, ја совладаа емоциите. Кога ја прашавме за што би ги искористила рече дека нејзиниот дедо умрел и дека немаат доволно пари да достоен погреб, раскажа Анџелина.
Разбирливо, корисниците на социјалните мрежи ја осудуваат Анџелина Џоли за ваквата суровост.
-Зошто по ѓаволите Анџелина Џоли и нејзината екипа ги трауматизираат сиромашните деца во Камбоџа?-е само еден од огромниот број коментари на Твитер, а има и такви кои актерката ја нарекуваат луда и сурова жена.Популарната актерка Анџелина Џоли прв пат по подолго време даде интервју. Но, откако ќе види како реагираше јавноста на поедини делови од интервјут

Пронајдете не на следниве мрежи: