ЈЕЛЕНА ГО ОТКРИЛА „ХОБИТО“ НА СОПРУГОТ: Еве што се случувало непосредно пред смртта!

Пејачката Јелена Марјановиќ (33) од Борча, чие убиство сѐ уште не е расветлено, често се карала со сопругот Зоран зошто открила дека тој тајно се допишувал со други жени, обично ноќе, пишува Ало.рс.Соговорник открива дека Јелена случајно го открила ова „хоби“ на сопругот и тогаш почнале проблемите во бракот.
-Зоран ноќе се затворал во своето студио, во кое останувал до утро и преку Фејсбук и Вибер се допишувал со други жени, а со некои договарал средби во живо. Во тие преписки има и развратни пораки, иако Зоран знаел на своите виртуелни пријателки во рана зора да им праќа линкови и да бара да читаат за некои чудни теми. Во тоа бил упорен, па барал од нив да бидат послушни, па дури и во 5 наутро да читаат некои текстови, вели добро информиран извор.
Дека Зоран водел таен виртуелен ноќен живот, потврди и Рада Матиќ (35) од Виена, која стана позната во јавноста по секс скандалот со мажот на пејачката, со кој се допишувала месец дена по убиството на пејачката. Матиќ изјави дека сама му се јавила на Зоран, кој дури тврди таа, барал од неа да му исполни некои негови „болни фантазии“.
-Кога Јелена ги видела во неговиот мобилен телефон пораките, се шокирала зошто мислела дека Зоран ѝ е верен и дека ноќе компонира во нивното студио, па од тогаш кавгите меѓу нив биле почести. Своето откритие им го кажала само на некои свои најблиски пријателки, а не сакала да ја потресе и својата мајка, која боледува од карцином, па пред неа и пред петгодишната ќерка секогаш била весела и расположена за муабет, наведува извор.
Очевидци во полиција раскажале дека на денот на убиството на Јелена на насипот ја видела како се кара со Зоран, каде таа дошла да џогира. Инаку, полицијата ја продолжи интензивната потрага по убиецот на Јелена, а истрагата оди бавно поради бројните и сложени вештачења.

-Полицијата го скрати списокот на осомничени, а повторно ќе бидат испитани и членовите на семејството Марјановиќ. Иако постојат бројни шпекулации за тоа дека Јелена била убиена на друго место па е донесена на насипот во Црвенка, тие се покажаа како неточни, вели соговорник.
За шпекулациите дека на местото на злосторството нема траги од крв, изворот наведува дека телото некое време било во вода.
пејачката на „Гранд„ исчезна на 2. април годинава додека трчала на насипот Црвенка во Борча. Нејзиното тело со смачкана глава е пронајдено следниот ден околу 13 часот во каналот покрај насипот. Убиецот нејзиното тело го фрлил десетина метри од местото на убиството.
Рада се враќа во Виена
Рада Матиќ, која како што вели сама го истражувала злосторството, денеска се враќа во Виена каде живее со години.
-Само чекам ќерка ми да прослави полнолетство па да одам. Да се разбереме, јас своеволно му се јавив на Зоран, а важно ми е да се открие убиецот на Јелена. Знам дека сама влегов во целата таа збрка, но нагласувам дека не сум никаква ескорт дама туку работам како негувателка на стари лица во Виена, вели Рада Матиќ. 
Таа рече дека со поранешниот сопруг живеела 7 ипол години во околината Коцељво и дека со него сега е во добри односи. Со него има помал син, кој живее со таткото.Соговорник открива дека Јелена случајно го открила ова „хоби“ на сопругот и тогаш почнале проблемите во бракот.
-Зоран ноќе се

Пронајдете не на следниве мрежи: