Јелена Розга откри дека е подготвена за мајчинство, и дека на самиот збор бебе се разнежува!Во саботата публиката ги пееше на глас нејзините хитови, вклучувајќи ја и новата песна „Живот је чудо“ , која пејачката премиерно ја испеала во целост. А дека животот навистина е чудо, потврдила и Јелена бидејќи како што вели, колку е се позрела, тоа и се остварило.
„Многу убави работи, но се вели кога нешто силно сакаш тоа се остварува. Како дете сакав да пеам во Магазин, тоа ми се оствари, па сакав да ги полнам салите и тоа ми се оствари. Животот е чудо, но треба многу да се работи, не паѓа се од небо“, нагласува Розга која има уште една желба.
„А кога пристигнува бебето? Бебе, да, дефинитивно треба малку да застанам, да се смирам, кога ќе дојде бебето се ќе биде на свое место. Интензивно размислувам за тоа, се разнежувам кога ќе почнам да зборувам за тоа, Реков, кога ќе излезе албумот, се надевам на голема турнеја и потоа заслужена пауза, и некако малку ќе се свртам кон себе и своето семејство“, најавила пејачката.
Но никогаш нема да престане да пее, вели дека ужива во секој момент на сцената, со својата верна публика. А со нив речиси 100 000, уживаше во Македонија каде го одржа својот најголем концерт досега.Во саботата публиката ги пееше на глас нејзините хитови, вклучувајќи ја и новата песна „Живот је чудо“ , која пејачката премиерно



