Јоци до Жерновски: Дали центарци ги сметаш за луѓе со пилешки мозоци

Жерновски, успеал со сопствениот чудесен дигитрон да им каже имено на центарци дека се “скршил” од работа и некако обновил 1 отсто зеленило од севкупната површина на Центар, која е 7,52 километри квадратни или 7,5 милиони метри квадратни.Ма, бравоос ! Дајте тамбураши !Уживајте во 1% зеленило на човеков !Секако, на Жерновски му се измешале годините, па испуштил да каже дека од 2000 до 2004 година, градоначалник на Скопје беше другар му Ристо Пенов, од неговата партија ЛДП, кој во прв мандат беше избран од ВМРО, но во вториот отиде со СДСМ.А, СДСМ, владееше од 2002-2006.Добро, бројкиве ти ги проверува некој ?

Туку, Пенов, во 2001, масакрираше 30 и нешто стогодишни дрвја на Кеј, десетина костени на плоштад и одзеде дел од паркот. Во негово време се одзеде и голем дел од зеленилото на Градски парк, за потребите на грамадата “Кинески ѕид”, чии диви делови, Жерновски, ги легализираше во јануари годинава со Одлука на Совет.
Притоа,, од 2000 до 2002, Жерновски, му беше советник во кабинет на Пенов, а исто и Лилјана Поповска (за екологија и тоа. Да, врло веома смешно).
Секако, во “отчетов”-реклама, нема ни слики, ни па каде се тие фамозни локации кои тој ги вратил во живот, според него. Кои населби ? Камоооли да каже колку пари потрошил, каде и кои фирми работеле. Чисто да провериме.
Мене да речеме сериозно ме интересира, а верувам и центарци, каде точно садел овој човек зеленило, бидејќи за 4 год.располагаше со вкупно 120 милиони евра Буџет. (За 18-те костени на Боемска, од 12.000 евра, кои ќе собираат чавки и ќе прават ѓубре наесен-знаеме ! И тие ли влегуваат во 70.000 метри квадратни зеленило ? Како се мери костен ?)
Воедно, најголемите зелени површини во Центар, имено, не се негова надлежност, па ги нема ни пипнато и не може ни да ги смести во бројкиве (Градски парк, Жена парк, дел од Водно, се под “Паркови и зеленило”).
Слики, бројки, пари, Жерновски !Или центарци ги сметаш за луѓе со пилешки мозоци ?
Секако, на Жерновски му се измешале годините, па испуштил да каже дека од 2000 до 2004 година, градоначалник на Скопје беше другар му Ристо Пенов,

Пронајдете не на следниве мрежи: