Јолевски оствари средба со претставници на Групацијата за оружје при Стопанската комора

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска одржа работна средба со претставниците од Групацијата за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и програма за воена и цивилна намена при Стопанската комора на Македонија.– Оваа средба е значајна за сите членки на Групацијата, како од областа на производството на оружје и опрема, така и за компаниите кои се занимаваат со трговија со муниција, експлозивни и опасни материјали, трговија на наменски средства (вооружување и воена опрема), обуки за теоретско и практично оспособување за ракување со оружје, стрелиштата за цивилна намена, како и за концесиониерите на ловишта и ловечките друштва. Веруваме дека преку овие средби ќе придонесеме во подобрување на соработката на Министерството за одбрана со домашните наменски компании, во согласност со тековните потреби и планирања на Министерството, на кои домашните компании со своето знаење, искуство и капацитет се подготвени соодветно да одговорат, истакна Димитар Мангутов, претседател на Групацијата.
Компаниите-членки на Групацијата, на презентацијата имаа можност детално да ја претстават својата широка палета на производи и услуги, меѓу кои и тренажери, гранати, панцири, гумени палки, производи за интервентна заштита, војнички ремени, заштитни воени ракавици, униформи, ќебиња,…. и други производи и услуги што би можеле да бидат од интерес за потребите на Министерството за одбрана.
Според министерот Јолевски ваквите презентации се од интерес за Министерството за одбрана, односно да се развива производството на оружје и опрема на домашните компании, како и да се унапредат услугите за сервисирање и подобрување на перформансите на постојната опрема. Посочи и на препораките од последниот Самит на НАТО за запирање на процесот на постојано намалување на средствата за вооружените сили и постепено зголемување на буџетите за одбрана на државите-членки, во насока на обезбедување на безбедноста и мирот, како генерална цел.
– Ние, како држава почнавме процес на модернизација и преку зајакнување на капацитетите на домашните компании во наменскиот дел и взаемна соработка, веруваме дека заеднички ќе придонесеме да заживее оваа гранка од економијата, рече Јолевски.
Членките на Групацијата го истакнаа предлогот за формирање сервисно-логистички центар, кој би функционирал по принципот на јавно приватно партнерство и истиот би бил корисен и за РМ, но и за околните држави, а воедно на тој начин ќе може да се искористи и акумулираното знаење и искуство коешто го имаат домашните компании.– Оваа средба е значајна за сите членки на Групацијата, како од областа на производството на оружје и опрема, така и за компаниите кои се зан

Пронајдете не на следниве мрежи: