Јолевски упати честитка по повод 11 октомври

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, упатува честитка до припадниците на Армијата на Република Македонија, вработените во Министерството и сите граѓани на Македонија по повод големиот празник – 11. Октомври – Денот на народното востание.-Столбот на државноста, гарантот на независноста на Република Македонија своите корени ги влече токму од идеите за слободна Македонија, идеите за победа над тиранијата на фашистичкиот окупатор. Токму затоа, овој голем празник, денот кога пукнаа првите пушки во Прилеп и Куманово и Македонија застана на страната на правдата е многу значаен за нас. Секој припадник на Армијата во овие храбри патриоти, кои во себе ја носеле жарта на слободата на татковината, ги пронаоѓа своите идеали. Тоа се идеалите кои нè водат во нашата постојана задача – независна и суверена Македонија со безбедни и среќни граѓани, посочува министерот Јолевски.
Воедно, по повод празникот, министерот ќе ја предводи и владината делегација во оддавање почит и положување венци со свежо цвеќе на спомен обележјата Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски Питу и на Могилата на непобедените во Прилеп.-Столбот на државноста, гарантот на независноста на Република Македонија своите корени ги влече токму од идеите за слободна Македонија, идеите за п

Пронајдете не на следниве мрежи: