Јованка Броз ќе ги открие сите тајни на Тито- а знае многу!

 На Белградскиот Жарко Јокановиќ, кому Јованка Броз (89) му открила многу тајни од заедничкиот живот со Тито.Имено, човекот што неодамна објави фељтон посветен на животот на Јованка Броз, вели дека секојдневно оди во посета на сопругата на Тито.

 
„Таа е со сосема бистар ум, зборува, знаеме и да се пошегуваме… Таа е голем борец. Едноставно сум убеден дека ќе ја добие и оваа битка!“, го почнува Јокановиќ разговорот со Анадолија, пренесува Вијести.
 
„Секој поздрав и секое интересирање, како што вели, ѝ ја греат душата. Тоа за неа е голем поттик во овие тешки моменти што ги преживува. Тоа ѝ е големо задоволство по сè што помина во изминатите 36 години“, вели тој.
 
Тој и  српскиот заменик-премиер, Расим Љајиќ, како и блиските роднини на Јованка Броз, тој се ангажира во обнова на вилата во која првата дама до неодамна живеела. Јокановиќ додава дека за Србија е голема срамота тоа што „една жена што е првоборец, голем антифашист, носител на партизанска споменица, на два ордени за храброст и орден за заслуги за народот и потполковник по чин – нема ништо.“
 
„И ништо друго да не направила, срамота е таа да е единствениот антифашист што нема ниеден квадратен метар свој животен простор“, вели тој.
 
 
На прашањето дали Јованка Броз ќе ги открие сите тајни на Тито, тој одговорил: „Јованка, се разбира, знае многу од тајните на Тито, знае многу тајни од тоа време и тоа нејзино знаење во голема мера и го предизвика нејзиниот прогон. Разговаравме за тие тајни. Од тие тајни што ги знае Јованка Броз се плашеле нејзините мачители и прогонувачи од тогашното државно раководство, кои првенствено се грижеле за сопствените фотелји, позиции… Таа ми раскажа многу од тоа, сето тоа ќе биде во книгата, која ќе излезе наскоро“, потврди Јокановиќ.

„Ако ја нема на ниво на рационалното, тогаш ја има на ниво на потсвесното. Бидејќи колку некои и да се трудат да кажат дека го нема тој интерес и дека не постои тој простор, тој секако постои. Ако луѓето поминат 70 години во заедничка држава, тоа сепак се многу поцврсти врски отколку што некој би можел да помисли“, нагласува Јокановиќ, и, на крај, додава:
 
„Јованка, секако, претставува индикатор на таа приказна и нејзината судбина е приказна за сите нас на овие простори. Јованка често го повторува тоа. Тоа не е само приказна за неа, тоа е она што секому од нас поединечно може да му се случи. На сите нас што живееме на овие простори. Сакале ние или не, сите ние сме повеќе или помалку слични, ако не и исти. Приказната за Јованка и за нејзината судбина е приказна за односот на државата кон поединецот, за ароганцијата на некои моќници, за семоќта на поединци што без срам злоупотребуваат една жена, старица. Кога тоа ѝ се случува на некогашната прва дама, сопругата на претседателот Тито, што сè може да им се случи на обичните луѓе.“Имено, човекот што неодамна објави фељтон посветен на животот на Јованка Броз, вели дека секојдневно оди во посета на сопругата на Тито.

Пронајдете не на следниве мрежи: