Јовановски: СДС и Заев ќе остават повеќе од 1.000 работници на улица!

СДС и Зоран Заев ќе остават повеќе од 1.000 работници на улица. Повторно се активира стечајната постапка за металуршкиот гигант „Фени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Крсте Јовановски денеска истакна дека станува очигледно оти СДСМ пред избори само манипулираше дека ќе помогне за активирање на овој металуршки гигант.

-Според она што го објавија медиумите бугарската компанија „Енекод“ која што требаше да го купи „Фени“, не ги уплатила потребните средства за да ја потврди купопродажбата. Покрај директните вработувања речиси секој поголем бизнис е директно или индиректно поврзан со комбинатот кој е загрозен. Многу добавувачи, транспортери, шпедитори соработуваат со „Фени“ и сега нивната работа и нивните вработувања се доведени во прашање. Ова значи дека животната егзистенција на вработените на „Фени“ е загрозена. СДС ветуваше се и сешто. СДС ветуваше живот за сите граѓаните. Но граѓаните гледаат се само не живот, посочи Јовановски,
Според него, поради бизнис интересите на Кочо Анѓушев, извршителите ја блокираа сметката на „Фени“ поради долг за неисплатена електрична енергија ЕДС, фирма која е во сопственост на милионерот Кочо Анѓушев.
-СДС ги манипулира вработените во „Фени“ и во околните гранки, имено кандидатот за градоначалник на СДС за Кавадарци, Бетиане Китев за време на изборната кампања, ги одведе транспортерите на „Фени“ од Кавадарци на средба со Кочо Анѓушев, каде на истите им беше ветувано дека нивниот проблем ќе биде решен. Ова е врвот на лицемерието и понижувачкиот однос на СДС, на Заев, на Анѓушев и Китев за граѓаните на Кавадарци. Човекот кој директно влијае за затворање на кавадаречкиот гигант „Фени“, ги прима во својот кабинет транспортерите и ги лаже и манипулира само за кандидатот на СДС, Бетиане Китев медиумски да се експонира и да собере глас повеќе, потенцира Јовановски.
Вели дека ова е уште едно лажно ветување на СДСМ и Бетиане Китев.
-Граѓаните на сопствена кожа ги чувствуваат последиците од погубната политика на СДС, на Заев и на тендерашот Анѓушев и на несудениот градоначалник  Бетиане Китев. „Фени“ до само пред неколку месеци работеше со полна пареа. Нема оправдување за затворање на гигантот од кого зависи егзистенцијата на илјадници жители на Тиквешијата, рече Јовановски.
Крсте Јовановски денеска истакна дека станува очигледно оти СДСМ пред избори само манипулираше дека ќе помогне за активирање на овој металуршки гиг

Пронајдете не на следниве мрежи: