Јовица Тасевски-Етернијан именуван за член на Советодавниот одбор на Интернационално списание

Македонскиот поет, книжевен критичар и есеист Јовица Тасевски–Етернијан, деновиве беше именуван за член на Советодавниот одбор на „Интернационалното списание за истражувања и хуманистички студии“.Македонскиот поет, книжевен критичар и есеист Јовица Тасевски–Етернијан, деновиве беше именуван за член на Советодавниот одбор на „Интернационалното списание за истражувања и хуманистички студии“ (International Journal of Research and Humanities Studies), по покана на Уредувачкиот одбор во кој членуваат петнаесетина професори и научници од универзитети и институти од Азија (Јордан, Египет, Ирак, Саудиска Арабија, Турција и Индија), Европа (Шпанија, Романија и Ерменија) и САД.
Во официјалниот допис се истакнува дека одлуката за упатување покана за вклучување на Јовица Тасевски–Етернијан во Советодавниот одбор (Advisory Board) е донесена врз основа на тоа што македонскиот автор е поет со меѓународен углед.
„Интернационалното списание за истражувања и хуманистички студии“ е рецензирано списание кое излегува на арапски и на англиски јазик, а во него се објавуваат научно-истражувачки и стручни трудови од повеќе области, како и литературни прилози. Списанието ја поддржува иницијативата за слободен пристап од Будимпешта и ја применува усвоената декларација.
Сите текстови се двојно рецензирани и се врши проверка со лиценциран софтвер за откривање плагијати пред да се објават во ова списание. Списанието е индексирано во „Адвансед Сајанс“ (Advanced Science Index).
Јовица Тасевски–Етернијан е афирмиран македонски поет, книжевен критичар и есеист. Автор е на шест поетски и две критичко-есеистички книги, како и на над седумдесет критички осврти, поговори, предговори и книжевни студии за македонски и светски автори. Уредник е на списанието за литература, култура и уметност „Стремеж“. Уредник-консултант е на индиската книжевна ревија „Инчентин версис“.
Член е на Издавачкиот совет на референтното научно списание „Сајбер литература“. Бил стручен советник за македонска поезија во завршениот меѓународен поетски проект „Други гласови“ – антологија на светската поезија вклучена во референтната листа (World Poetry Directory) на УНЕСКО. Неговата поезија е преведена на петнаесетина јазици, меѓу кои и на арапски јазик е објавена во неколку списанија, весници и интернет-портали во Египет, Ирак, Палестина и др.
За поезијата на Јовица Тасевски–Етернијан се напишани повеќе позитивни критички осврти и студии од македонски и странски автори. Јовица Тасевски–Етернијан го има добиено интернационалното поетско признание „Восхитувачки поет“ што се доделува во Индија за исклучителен придонес во современата поезија.Македонскиот поет, книжевен критичар и есеист Јовица Тасевски–Етернијан, деновиве беше именуван за член на Советодавниот одбор на „Инте

Пронајдете не на следниве мрежи: