Јуве решен да го доведе Лопез

Јувентус ќе се обиде со сите сили да го доведе во своите редови напаѓачот на Лион, Лисандро Лопез.
Медиумите во Италија пренесуваат дека Јувентус веќе спремил понуда од 8 милиони евра за аргентинскиот интернационалец од редовите на Лион, Лисандро Лопез.
За поранешниот напаѓач на Порто се интересира и Фиорентина, но дефинитивно тешко дека ќе можат да му парираат на тим како Јувентус во трката за потписот на Лисандро Лопез.
Управата на Јувентус се одлучи на овој потег поради неможноста да го доведе Фернандо Љоренте, на чиј трансфер ќе мораат да почекаат до летниот преоден трансфер-период.
Лисандро Лопез постигна шест погодоци за Олимпик Лион во досегашниот дел од францускиот шампионат и е еден од најзаслужните што клубот се наоѓа на лидерската позиција по 20 одиграни кола.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Јувентус ќе се обиде со сите сили да го доведе во своите редови напаѓачот на Лион, Лисандро Лопез.

Пронајдете не на следниве мрежи: