Јуве заинтересиран за Лопез

Напаѓачот на Олимпик Лион е на мета на Италијанскиот Шампион Јувентус, потврди првиот човек на францускиот тим.
Јувентус веќе подолго време бара солиден играч за засилување на напаѓачката линија.
Иако се говореше за Дидиер Дрогба, Љоренте кој дури во летниот трансфер преоден период би требало да го засили Јувентус, италијанскиот шампион се сврте и кон Лисандро Лопез, напаѓачот на Лион во кого гледаат решение за до крајот на сезоната.
Дека Јувентус е заинтересиран за споменатиот играч потврди и претседателот на Лион, Жан Мишел Ола.
„Јувентус не контактираше во врска со позајмица на Лисандро Лопез, но Лион нема намера да се откаже од услугите на овој фудбалер“ изјави претседателот на Лион.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Напаѓачот на Олимпик Лион е на мета на Италијанскиот Шампион Јувентус, потврди првиот човек на францускиот тим.

Пронајдете не на следниве мрежи: