Kако пржената храна да ја направите поздрава?

Користете маслиново масло
Маслиновото масло е веројатно најдоброто што можете да го користите ако веќе треба да пржите. Постабилно е на високи температури во споредба со пченкарното и сончогледовото, што значи дека можете да го користите подолго од другите видови масло, а сепак ќе ја задржи својата хранлива вредност и квалитет.
Чувајте го маслото чисто
Доколку пржите во фритеза, важно е маслото да е чисто. Ако го оставите да отстои долго со остатоците од храната, ќе почне да гори, а вашата храна ќе има вкус на изгорено. Ако користите старо масло, тоа веројатно ја изгубило својата хранлива вредност. Првиот начин е да ги отстраните остатоците од храната од него, а вториот е редовно да го менувате.
Користете газирана вода или сода бикарбона
Друга работа што може да ви помогне кога похувате нешто е да додадете малку минерална газирана вода или сода бикарбона. Додека се пржи, меурчиња од гас ќе излегуваат од храната, па таа ќе апсорбира помалку маснотии. Ако го споите овој и претходниот трик, сигурно е дека оброкот ќе биде далеку поздрав.
Одржувајте ја температурата на маслото
Идеалната температура за масло за пржење е помеѓу 162 и 204 степени Целзиусови. Ако не е доволно жешко, храната нема да се испржи толку брзо како што треба, па ќе впие многу повеќе маснотии. Ако можете, наместо тава, предност дајте на фритеза, а кога ќе ја извадите храната од маслото оставете ја кратко на салфетка за да се отстрани вишокот маснотии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.