К-тим продукција по втор пат ќе го одржи детскиот фестивал „Распеани лавчиња“ во Карпош

На 29 декември со почеток во 13 часот и 30 минути во Драмскиот театар, ќе се одржи, вториот по ред детски фестивал Распеани лавчиња. Фестивалот е во огранизација на К-тим продукција и кој исто како и минатата година, така и оваа, ќе се одржи на локално ниво.Детскиот фестивал Распеани лавчиња, е од хуманитарен карактер и исто како и минатата година, така и оваа, тој се организира во духот на хуманоста. На фестивалот ќе настапат десет детски имтерпретатори, кои ќе пеат авторски песнички кои се бесплатни.
На манифестацијата, ќе се делат и новогодишни пакетчиња за децата, а влезот е бесплатен.
И оваа година сцената ќе биде соодветно новогодишно украсено со многу ефекти, а маскотата на фестивалот (лавчето) ќе биде дел од сценографијата.
Распеани лавчиња е фестивал од децата за децата, кој се надеваме дека во иднина ќе се пренесе на повисоко ниво.Детскиот фестивал Распеани лавчиња, е од хуманитарен карактер и исто како и минатата година, така и оваа, тој се организира во духот на хуманоста.

Пронајдете не на следниве мрежи: