Каде е закопан братот на Никола Карев?

Братот на македонскиот револуционер Никола Карев е Ѓорѓи Карев кој по Втората Светска војна бил осуден и затворен во Идризово, од каде што се претпоставува дека никогаш не излегол.
Семејството Карев не можело да ја објасни мистериозната смрт. Иако тој се борел за својата татковина, сепак според претпоставките најверојатно е ликвидиран токму од претставници на својата родна Македонија. Заедно со својот брат, Никола Карев кој беше претседател на Крушевската Република, Ѓорѓи се борше да обезбеди сигурна иднина за идните генерации кои живеат на територија на Македонија.
Има повеќе теории за тоа каде се закопани коските на братот на Никола Карев. 
Првата теорија е дека некој албански затвореник, кажал дека Ѓорѓи Карев бил погребан набрзина во некакви тајни затворски гробишта но, гробот бил плиток, па му се гледале рацете и нозете над земјата. Некој од надлежните во затворот им наредил на двајца затвореници да му ги искршат рацете и нозете за да може телото полесно да пробадне во земјата и  никој да не може да го забележи. Инаку, Ѓорги, како шеснаесетгодишно момче учествувал во Илинденското востание во борбата кај месноста Слива, а постариот брат на Никола, Петруш, бил член на Штабот на крушевските востаници.
Со тоа, Ѓорги бил учесник и сведок на битката што за многумина е поепска, посурова и ја прикажува реалноста низ која поминувала македонскиот народ во тој период,  битката на Мечкин Камен, а Петруш, меѓу другото, бил сведок и на последната расправа помеѓу Никола Карев и Питу Гули, пред вториот да тргне кон својата последна битка. Семејството Кареви во борбите за ослободување на Македонија има дадено седум жртви, војводи и обични борци. Кога по војната во Крушево се славело Илинденското востание и Крушевската Република, централната власт, а пред сé локалните послушници, речиси редовно се погрижувале семејството Кареви да биде понастрана од прославата, особено од главната бина. Според сеќавањата на Мише, на првата прослава на Илинден по ослободувањето, постариот брат на Никола Карев, Петруш, бил поканет на свеченоста. Втората теорија е дека најверојатно Ѓорѓи Карев е ликвидиран на средината на реката Вардар, која поминува во близината на затворот Идризово. Во овој дел се наоѓал мал песочен остров и најверојатно таму биле закопани убиените затвореници, за кои до ден денес нема никава трага, туку само претпоставки.
Подоцна реката го однела малото островче и со тоа оневозможила да се открие дали, меѓу другите, таму се и коските на Ѓорги Карев. Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Братот на македонскиот револуционер Никола Карев е Ѓорѓи Карев кој по Втората Светска војна бил осуден и затворен во И

Пронајдете не на следниве мрежи: