Кафе-дебата на тема радикализација на младите од социолошки аспект

Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести и да ве покани на кафе-дебата и предавање на тема „Ризикот од радикализација кај младите“.Првиот настан е средба и отворена дискусија со г-ѓа Натали Лика, антрополог и директор за истражувања во Центарот за истражувања на Франција, и автор на делото „Секти“, и ќе се одржи в понеделник, 28 ноември 2016, во 19:30 ч. во кафе-книжарница „Магор“.
Вториот ден е посветен на предавање на наведената тема од страна на г-ѓа Натали Лика, а истото ќе се одржи во вторник 29 ноември, во ЕУ инфо центарот, со почеток во 19 часот.
Модератор на предавањето и дебатата со публиката ќе биде проф. д-р Антоанела Петковска, професор на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје.
Дебатата и предавањето предлагаат еден социолошки пристап кон темата и имаат за цел да ги објаснат механизмите кои ги туркаат младите кон оваа крајност со трагични последици.
И двата настани ќе бидат со превод на македонски јазик, а влезот е слободен.Првиот настан е средба и отворена дискусија со г-ѓа Натали Лика, антрополог и директор за истражувања во Центарот за истражувања на Франција, и авт

Пронајдете не на следниве мрежи: