Како да дознаете какво бебе носите?

Приказните на постарите или она што денес се нарекува „бабини деветини“ се нешто повеќе од гласини кои циркулираат околу нас. Дел од нив се изреки и поговорки за кои никогаш не било докажано дека се точни, а кои се пренесувани од генерација на генерација. Некои од нив се од доменот на здравјето (јадењето моркови го подобрува видот), некои подучуваат како да бидите добар родител (чекај еден час откако ќе јадете пред да пливате) и најпознатите се за бременоста.Неизвесноста е измачувачка: дали носам момче или девојче? Може да дознаете со ултразвук, но и тој може да не биде точен. Додека да се породите, еве некои забавни, малку и чудни начини за да го предвидите полот на вашето бебе кои доаѓаат од ризницата на нашите предци.
Нагоре или надолу
Ова може да го изведете само со погледнување на југ: Ако стомакот ви расте нагоре, тогаш е девојче, а ако е надолу тогаш носите момче.
Благо или кисело
Сакате да јадете сладолед секој ден? Некои луѓе веруваат дека тоа значи дека е девојче.
Откривање на мистеријата
Ова е за да проба некој пријател. Оставете клуч пред вашата бремена пријателка и кажете и да го крене. Ако го земе за делот кој влегува во бравата тогаш е девојче, а ако го земе за заоблениот дел тогаш е момче.
Ако ви се појават мозолчиња
Ако многу ви се исфрли лицето, тогаш е виновно девојчето што го носите. Се верува дека девојчињата ја крадат убавината од мајките, и од таму се појавуваат здодевните мозолчиња.
Според бурмата
Извадете ја бурмата, ако сè уште можете, и врзете ја со конче. Држете го кончето над вашиот стомак. Ако се врти во правецот на стрелките на часовникот, иднината ви носи младо момче. Ако оди напред назад, ќе имате девојче.
Според утринската мачнина
Премногу ви се лоши во првите три месеци, или и после нив? Овие знаци покажуваат дека ќе имате девојче. Ако наутро ви се лоши малку или воопшто, во тој случај носите момче.
Положба на спиење
Обрнете внимание на тоа како легнувате во кревет навечер. Ако повеќе сакате да лежите на лева страна, ќе имате момче. Ако повеќе сакате на десна? Очекувате девојче.
Меки или суви раце
Ако рацете ви се суви додека сте бремени, ќе имате момче. Ако ви се меки, чекате девојче.
Грациозна или несмасна бременост
Ако се чувствувате како да се лизгате во текот на денот, ќе имате девојче. Ако се сопнувате често ќе имате момче.
Според лицето
Ако со зголемувањето на килограмите ви се подуе и лицето, ќе имате девојче.
Промена на расположение
Ако имате чести промени на расположението во текот на бременоста, очекувајте наскоро во вашиот дом да пристигне девојче.
Совет од дете
Добијте совет за бебето од внук или мало дете на некој ваш пријател. Ако мало машко дете се заинтересира за вашето стомаче, ќе имате девојче. Ако го игнорира, тогаш е момче.
Парни и непарни броеви
Ако вашата возраст и годината на зачнувањето се двете или парни или непарни броеви, тогаш е девојче. Еден парен и еден непарен број значи дека е момче.
Стрес тест
Бебето има тенденција да биде од истиот пол како родителот кој е помалку под стрес во времето на зачнување.
Големина на градите
Ако вашата десна града е поголема од левата додека сте бремени, ќе имате девојче. Ако левата е поголема, тогаш ќе родите момче.
 Неизвесноста е измачувачка: дали носам момче или девојче? Може да дознаете со ултразвук, но и тој може да не биде точен. Додека да се породите, еве

Пронајдете не на следниве мрежи: