Како да ги намалите сметките за греење?

Оваа зима досега е релативно топла заразлика од останатите, па во поголемиот дел од домовите е потребно греење (барем навечер). Греењето нормално чини. Во оваа рецесија мора да внимаваме на секој денар и штедењето е потребно во сите сегменти на нашиот живот па така и во сметките за греење.Ако ви е ладно тоа не значи дека треба греењето да го пуштите до крај. Всушност, немојте да се расфрлате со топлината, тоа значи дека се расфрлате и со парите. Овии трикови ќе ви помогнат да ги намалите сметките за греење…
Променете го термостатот
Ако имате стар термостат, гледајте или да го смените или да го сервисирате, можете и да си купите дигитален тој најточно ќе ви ја покажува температурата. Кога ќе го направите или промените термостатот ќе можете да ја увидите вистинската температура во домот и така полесно и поточно ќе си ја регулирате температурата. Затоплете се
Пред да го уклучите греењето, облечете се потопло- ставите дебели чорапи, топли тренерки. Немате потреба да се шетате низ куќа по кратки ракави и кратки панталони. Потоплата и повеќеслојна облека ќе ви ги намали за греење. Зачувајте ја топлината која веќе ја имате
Морате да внимавате низ куќата колку сте затоплиле и колку вода сте загреале. Кога се туширате отворете ја врата да се прошири пареата низ другите простории во домот. Немојте да уклучувате вентилатор во кујна и купатило, така побргу ќе го издувате топлиот воздух.

Сервисирајте го или проверите инсталацијата за греење
Без разлика на што се греете, струја, плин или дрва – добро е секоја година да го проверите и да видите дали се функционира како што треба. Као што и претходно напоменавме да го проверите и термометарот кој ќе ви помогне залудно да не трошите премногу енергија залудно. Не дозволувајте непотребно да ја губите топлината
Затворите ги вратите и прозорците кога греете. Проверете дали влезната врата и прозорите добро затвараат (не пропуштаат ладен воздух). Како да проверите од кој прозор ви дува? Дури и ако се работи за помало дупче можете да го откриете со пламен од свеќа или дим од мирисно стапче. Ако го средите овој проблем можете да заштедите многу пари. Користете завеси и ролетни
Ако ги отворите ролетните и завесите од оние прозори кои ви се свртени на југ, многу лесно со сончева енергија ќе ви ја затопли собата. А ако ги спуштите преку ноќта ќе овозможите топлината да ја задржите во домот.
Lady.mkАко ви е ладно тоа не значи дека треба греењето да го пуштите до крај. Всушност, немојте да се расфрлате со топли

Пронајдете не на следниве мрежи: