Како да го изгубите последниот вишок на килограми?

Изгубивте доста килограми и на чекор сте до совршена тежина, но оние напорни неколку килограми не ви даваат мир? Еве решение!Преку секојдневни активности, ослободете се од вишокот килограми кои се пречка до вашата совршена тежина.
1. Во утринското кафе ставете вештачки засладувач и млеко со ниска процент на масленост, со што за месец дена ќе внесете 3.600 калории помалку.
2. Ако од лифтот излезете само еден спрат пред вашиот, за месец дена ќе изгубите 1,500 калории. 
3. Пеглајте ги вашите кошули, подовите чистете ги без помош на џогерот, куќата исчистете ја со метла наместо правосмукалка, со што ќе согорите 1,420 калории. 
4. Тргнете ги големите парчиња шунка од вашата пица, или земете ја онаа за вегетарјанци, со што ќе внесете 480 калории помалку.

 
5. Подолго задржете се во шопинг, разгледувајте низ рафтовите. Ова ќе бидат 600 калории помалку. (Ете зошто жените често оделе на шопинг, и се задржувале со часови)
6. Љубителите на мајонез, нека го исфрлат од исхраната само на еден месец и ќе исфрлат цели 3,000 калории за само еден месец.
7. Заменете ги индустриските сокови со свежи сокови кои ќе ги направите дома или со обична вода. Со што ќе го внесете 6.000 калории помалку.
8. Играјте бадминтон, убаво време, изнесете ги децата до најблискиот парк, забавувајте се, а воедно и потрошете 900 калории.
Кога сите овие калории, од сите активности би ги собрале, добиваме бројка од 17,500 помалку внесени калории, што е сосема доволно за губење на последните неколку килограми.Преку секојдневни активности, ослободете се од вишокот килограми кои се пречка до вашата совршена тежина.

Пронајдете не на следниве мрежи: