петок, 27 ноември 2026
Најново

Како да ја исчистите живата кога ќе ви се скрши топломерот?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Живата, која се користи во термометрите и другите мерни апарати, е високо токсична материја која може да влезе во телото преку вдишување, голтање или со апсорпција преку кожата.Живата, која се користи во термометрите и другите мерни апарати, е високо токсична материја која може да влезе во телото преку вдишување, голтање или со апсорпција преку кожата.
Затоа, истекувањето на живата од скршен термометар е сериозно опасна ситуација која не смеете да ја занемарите и мора да изреагирате соодветно. Доколку ви се случи тоа, не кревајте паника туку следете ги нашите совети за тоа како безбедно да ја исчистите живата.
– Во никој случај немојте да користите правосмукалка или метла! На овој начин само ќе ја распространите живата на поголема површина и ќе го загадите воздухот со нејзините честички, со што ќе ги зголемите шансите за нивно вдишување.
– Не ја истурајте живата низ одвод! Таа може да остане заглавена во цевките и да продолжи да испарува во собата.
– Веднаш соблечете ја облеката и чевлите за кои постои опасност да бидат контаминирани со живата. Ова ќе помогне да го спречите ширењето на живата низ домот.
– Алиштата кои дошле во контакт со жива никако не ги ставајте во машина за перење! На овој начин ќе ја распространите живата низ целата машина и ќе ги контаминирате алиштата кои понатаму ќе ги перете. Затоа, најбезбедно е истите да ги завиткате во кеса и да ги фрлите.
– Изолирајте ја собата! Сите лица и домашни миленичиња треба да ја напуштат просторијата.
– Отворете ги сите врати и прозорци кои излегуваат кон надворешноста на објектот, а затворете ги оние врати кои ја делат собата во која е истурена живата со останатите простории во домот.
– Искористете фен за да ја издувате живата нанадвор, на едно место.
– Ставете гумени ракавици и соберете ја живата на хартиена крпа, која подоцна ќе ја завиткате во кеса.
– Со мала четка намачкана со пена за бричење поминете ја целата површина на која се истурила живата, со цел да ги соберете сите можни ситни остатоци. Четката и ракавиците кои ќе ги употребите ставете ги во кесата со хартијата, добро врзете ја и фрлете ја.
– За да бидете сигурни дека површината е целосно исчистена, проверете ја уште еднаш детално со рачна батерија.
– Живата може да се движи изненадувачки на рамна површина, па затоа бидете сигурни дека сте ја прегледале целата просторија.
– Доколку тепихот дошол во допир со живата, никако не го задржувајте во домот и веднаш фрлете го.
– Оставете ја просторијата да се проветрува најмалку 24 часа по чистењето.
Извор: Lady.mkЖивата, која се користи во термометрите и другите мерни апарати, е високо токсична материја која може да влезе во тело

Поврзани вести