Како да ја забрзате работата на мозокот?

Колку често ви се случува да го заборавите пасвордот на вашиот меил, роденденот на вашата тетка или да поминувате време наоѓајќи оптимално решение за последниот проект на работа?Несомнено е дека и на вашите ментални способности им е потребен тренинг. Бидејќи мозокот е „мек“ орган Ви предлагаме неколку методи да ја подобрите менталната работоспособност!
Хранете се со природни антиоксиданти
Исто како и на желудникот така и на мозокот му е потребна здрава исхрана, но не брзајте да купувате синтетички витамни. Според експертите зачинот кари делува полезно на вашата меморија и е превентива при спречувањето на Алцхемеровата болест.
Природните антиоксиданти се неопходни, а нив најмногу ќе ги најдете во сокот од калинка за кој се смета дека е способен да ги ублажи траумите на мозокот од самото раѓање.
Од зачините не заборавајте во исхраната да ги вклучите босилекот, рузмаринот, жалфијата, тамјанот, а од овошјето јаболката, јагодите, шипинките, потоа брокулите, рибата, маслиновото масло итн.
 
Бидете физички активни
Физичката активност го овозможува создавањето на нови клетики во хипоталамусот кој е одговорен за образувањето на емоциите и консолидација на меморијата.
Група германски истражуачи докажале дека по 30 минутно трчање нивото на концентрација двојно се зголемува, како резултат на што подобро се запомнува информацијата и се намалуваат грешките на работното место.
Постарите луѓе кои водат активен живот за 40 % подобро се ориентираат во просторот. Кога организмот троши повеќе енергија на физичката активност на мозокот му останува помалку енергија поради што реагира побрзо.
Решавајте ребуси и крстозбори
Решавањето на ребуси и крстозбори го намалува ризикот од Алцхмерова болест и старечкото заборавање, односно склерозата. Затоа не прекорувајте се што во текот на денот губите време играјки судоку на талефон. Според многубројните истражувања собирањето на слагалки и исто толку корисно како и размрдувањето на интелектот со крстозборите.
Бидете во друштво
Осаменоста е штетна за мозокот. Според многубројните истражувања личностите кои живеат со партнер имаат за 50 % помали шанси при оштетувањето на меморијата во подоцнешните години.
Еве ги и другите методи кои се особено корисни!
Учете странски јазик.
Играјте си со деца.
Медитирајте и овозможете си масажа.
Пијте кафе или зелен чај.
Научете ги телефонските броеви на најблиските напамет.
Посете изложба, концерт или театарска претстава.
Слушајте го Моцарт.
Читајте го Шекспир.
Напавете рачна изработка.
Играјте салса.
Купете блуза или шал во жолта, портокалова или црвена боја.
Пишувајте со пенкало.
Х.Н.Несомнено е дека и на вашите ментални способности им е потребен тренинг. Бидејќи мозокот е „мек“ орган Ви предлагаме н

Пронајдете не на следниве мрежи: