Како да не се здебелите за време на празниците

Ако ви е страв дека ќе се здебелите за време на празниците, еве ви неколку совети кои можат да ви помогнат да го спречите тоа.
Не го прескокнувајте појадокот. Денот започнете го со незасладен зелен чај, а потоа јадете овошје што ви се допаѓа, најдобро грозје бидејќи е одлично за забрзување на метаболизмот.
Ако сакате јагоди, јадете не повеќе од една или две раце, исто така, за појадок, но без шеќер и крем.
По половина час, час, јадете грст бадеми, сурови.
Пред да седнете на празничната гозба, пијте една чаша вода со неколку капки сок од лимон. Може една чаша газирана вода, но секако подобро без меурчиња.
За време на ручекот, земете од се што ви се допаѓа оддеднаш, по малку! Тоа значи половина од стек од скара, две крилца, на пример, ама затоа на салатата и варивото, можете да навалите.
Од суштинско значење е во чинијата да ставите се што планирате да јадете, со цел да имате увид на количината.
Потоа напијте се една чаша вино, најдобро црвено поради тоа што има помалку калории од другите алкохоли и јадете половина парче торта.
Кафето ќе го забрза варењето, а ако ги измиете забите после јадење, пастата за заби ќе го ублажи вкусот, и нема да продолжите да јадете.
На вечера уживајте со лимонада, овошни сокови, зелен чај или нане, а потоа бидете особено дисциплинирани. Во чинијата ставете само едно јадење, она што го сакате најмногу, во количина доволна за дете.
Ако имате услови, прошетајте по вечерата.
Оние кои ќе се прејадат едниот ден, вториот нека пијат многу течности (зелен чај или некои од оние кои го забрзуваат варењето на храната и ги исфрлаат течностите од телото), и јадете овошје во утринските часови, и зеленчук за вечера.
Сепак, празниците не траат вечно. Можеби сепак треба да се релаксирате и да уживате, а на диета да се „фрлите“ од првиот работен ден?Ако ви е страв дека ќе се здебелите за време на празниците, еве ви неколку совети кои можат да ви помогнат да го спреч

Пронајдете не на следниве мрежи: