Како да се сетите дали сте го исклучиле шпоретот?

Ако сте од оние луѓе кои не можат да престанат да се грижат околу тоа дали го исклучиле шпоретот откако излегле од дома, време е да престанете да се мачите – решението е поедноставно отколку што мислите.Иако денес постојат разни мобилни апликации, оптимизации и автоматизации, решението се крие во еден обичен клик. 
Пред да отпатувате на одмор, земете го Вашиот смартфон во рака и фотографирајте ги сите уреди за кои најчесто се прашувате дали сте ги исклучиле. Погрижете се добро да се гледаат бројките на фотографијата, за да не дојде до забуна кога на половина пат ќе се запрашате дали сте ја исклучиле пеглата.
Со оглед на тоа што последните неколку часа пред заминувањето на одмор се разликуваат од секојдневните рутини, важните работи лесно се забораваат. Во тие моменти излегуваме од рутината, а правилото „клучеви, паричник, телефон“ повеќе не важи. Сѐ е поинакво, од облеката што ја носиме до работите кои ги држиме во раце, па затоа е впрочем и толку тешко да се сетиме дали сме го затвориле прозорецот, исклучиле пеглата и слично.
Оние кои го пробале овој трик тврдат дека откако почнале да ги фотографираат уредите пред да заминат на патување, не се грижеле повеќе за ништо – можеби поради тоа што фотографирањето станало дел од нивната нова рутина или можеби затоа што мозокот памети каква била сликата пред заминувањето.
 Иако денес постојат разни мобилни апликации, оптимизации и автоматизации, решението се крие во еден обичен клик. 
Пред да отпатувате н

Пронајдете не на следниве мрежи: