Како да се справите со губењето на желбата за секс?

Понекогаш во животот се случува да ја изгубиме желбата за секс. Зошто се случува и како да се справиме со тоа?Сексуалната активност кај жените може да потрае дури до 80-тата година од животот, но, не е така кај сите жени.
Овој факт може да се објасни со извесни разлики. Жените меѓу другото, и меѓусебно се разликуваат по интересот што го покажуваат за секс. Некои жени отсекогаш имаат зголемена желба за секс, а постојат и жени кај кои тие потреби не се толку изразени.
Недостатоког на желба за секс е во голема мера зависен од концентрацијата на женските хормони што кај овој вид на жени е голема. Па така, тие повеќе сакаат да се галат и милуваат, отколку да имаат секс.
Вториот вид на жени, пак, се оние со зголемена желба за секс и кај нив таа желба може да не опадне дури ни до подоцнежните години. За жената да ужива во сексот, таа мора да чувствува внатрешна потреба за него, но треба да се побуди таа потреба и кај партнерот.
Подеднакво е важно да се развие и емотивна поврзаност меѓу партнерите. Секоја жена би требала да поработи на тоа да се запознае со основните методи на сексуалните техники, за да може да ги развие до оној степен до кој и таа и партнерот ќе доживеат оргазам.
За партнерите кои се во долги врски многу е важно да имаат и развиен метод на предигра. Ако тоа не е развиено како што треба, се чувствуваат недостатоци во односите. Важно е да се нагласи и дека, ако бракот или врската од некоја причина прекине со сексуалните активности, доаѓа и до намалување на сексуалната желба. А колку што трае апстиненцијата, толку подолго и треба да се работи на враќањето на здравата сексуална функција. Иако звучи чудно, може да се направи сликовита аналогија со примерот на доењето: Кога жената го дои детето често, во дојките доаѓа повеќе млеко, а кога детето ќе намали со цицањето, тогаш постепено се намалува и дотокот на млекото, и на крајот целосно исчезнува.Сексуалната активност кај жените може да потрае дури до 80-тата година од животот, но, не е така кај сите жени.
Овој факт може да се објасн

Пронајдете не на следниве мрежи: