Како до пари со вашиот портал?!Учете од човеков!

Сте се запрашале ли како да го монетизирате вашиот портал?! Ако да, сигурно сте поминале часови и часови барајќи реклами, изготвувајќи понуди, сте трчале по маркетинг агенции. Е, па, одговорот е подолу…Шетам од сабајле по Фејсбук и случајно налетав на статус кај наш познат актер во кој именува еден таканаречен сопственик на едно нешто што треба да биде портал.
Сакајќи да видам што е причината отидов на таканаречениот портал, кога што да видам… ако сакаш да чатиш прво мора да платиш… и бидејќи ненајдов ништо (според насловите) што би можело да се поврзе директно со актерот решив да ја проверам фан страната на Фејсбук. Барајќи лево-десно, нагоре-надолу, дијагонално налетав на коментар од посетител во кој се вели дека платил вчера двапати за да прочита содржина, а денес пак му бара да плати ако сака да чита.
Се вратив на нештото наречено портал и навистина, во прозорецот во кој се објаснува процедурата платиш-чатиш се гарантира пристап до содржината за 1 месец за само 35,4 денари со вклучен ДДВ. Значи вака се одржува портал во живот. Па ова е бетер од Фиком. Таму се знаеше, еден стан најмногу на 3ца се продава, овде правопропорционални по бројот на вести кои сакате да ги прочитате помножено по бројот на посетители.
И да потсетам тоа е истиот човек кој правејќи анкета кај НБРМ навредуваше граѓани и со однесувањето само ја потврдува(ше) Дарвиновата теорија за еволуцијата.

Ако сакате да ги читате содржините на дотичниот таканаречен портал… И користите Google Chrome следете ги следните чекори Кликнете на Chrome мени-то (во горниот десен агол) кликнете Settings потоа Show advanced settings Потоа во “Privacy”, кликнете на Content settings. Во делот “Javascript”, означете “Do not allow any site to run JavaScript” и на дотичниот портал кликнете ја веста што сакате да ја прочитате. за да го вратите подесувањето повторете ги чекорите и означете го “Allow all sites to run JavaScript (recommended)”. Доколку не го вратите подесувањето, нема да ви функционираат останатите сајтови, а најмногу Фејсбук 🙂 Доколку користите Мозила консултирајте го чичко Гугл или следниот линк https://support.mozilla.org/en-US/questions/994809
Сале буразер, тој што ти ги земал парите за сајтот нека ти ги врати или ова е начин на перење пари???!Шетам од сабајле по Фејсбук и случајно налетав на статус кај наш познат актер во кој именува еден таканаречен сопственик на едно нешто што треба да

Пронајдете не на следниве мрежи: