Како голманот на Сан Марино дојде до својот момент на слава!

Фудбалерите на Сан Марино долго чекале на оваа прва радост. По 60 мечови, конечно дошле до првиот бод во квалификацијата за Европско првенство кое во 2016 година ќе се одржи во Франција а јунакот кој има причина најмногу за славење е Алдо Симончини.Мечевите без голови не се баш интересни, но не и во овој слулај. Сан Марино  во квалификациите за Европското првенство конечно дошол до бод играјќи 0:0 против Естонија, а во состав со него јунакот е „чуварот на мрежата“- Алдо Симончини.
Неговата одбрана навистина ги фрустрираше Естонците. Карактерот  и животната приказна на ова 28 годишно момче доволно говори за тоа како ги заслужи своите пет минути слава.
Талентираниот голман бранел за Модена во Серијата Б, а на своите 19 години доживеал тешка сообраќајна несреќа во која левото колено му било смачкано, по што 4 месеци поминал во болница.
Тогаш животот му бил загрозен а поради повредите му било кажано и дека никогаш повеќе нема да може да игра фудбал. Во квалификациите за Европското првенство застанал помеѓу стативите против Германија во тежок пораз од 13:00
Иако топката ја извадил дури 13 пати од мрежата тоа бил еден од најсреќните моменти за него. Повторно се вратил во играта!

„Ми се случи професорите да ме препознаваат на испитот и да ми дадат добри оцени иако не бев подготвен баш добро“. Ми се случи и да останам дома за да го спремам испитот а репрезентацијата да оди во Украина и да изгуби со 9-0 а јас да положам со добра оценка. Сепак, се ќе дадев да се откажам од тоа само за да играм на Вембли. За среќа тоа и го доживеав“.
Иако во Сан Марино се лицитира за бројот на головите кои ќе ги прими, Алдо порачал дека не се откажува од своите соништа и од победата. Селекцијата на Сан Марино ја победила само Лихтенштајн во пријателскиот меч во 2004 година, мечот против Естонија им дал надеж на него и на соиграчите.
„Свесни сме за разликите, но никогаш не влегуваме во меч со намера да изгубиме“- вели тој!
Мечевите без голови не се баш интересни, но не и во овој слулај. Сан Марино  во квалификациите за Европското првенство конечно дошол до бод иг

Пронајдете не на следниве мрежи: