Како Грците ги понижуваат македонските туристи?

„Добро дојдовте во грчката Македонија“. „Тие што се Грци, може слободно да поминат, тие што се Скопјани ќе добиваат лепенка“, „Македонија е грчка“. Вака златнозорците во неделата ги пречекуваа македонските туристи на двата гранични премини, Меџитлија и Богородица, јавува Канал5.
 Македонците кои решаваат да летуваат во Грција и понатаму се понижувани од Грците. Реакциите од грчките власти никаде ги нема, а за настаните во цела Грција јавил само еден весник. 
„Единствено солунскиот весник Македонија излезе со осуда, и насловна страна: Златна зора, закана за туризмот.„Ваков вид на екстремизам сигурно е дека ќе бидат голем удар за туризмот во Северна Грција, каде што во овој момент се забележува зголемен бран туристи колку од ФИРОМ, толку и од балканските земји. Многу семејства од соседната земја, не ја криеа нивната загриженост, гледајќи ги групите Златнозорци да извикуваат слогани, навреди и закани “, коментира солунскиот весник, пренесува Канал 5.
Тие, пренесуваат и реакција на министерот за Македонија и Тракија, кој вели дека никој нема право да ги замени властите, особено кога станува збор за чувствителни прашања поврзани со надворешната политика.
Како што дознава Канал 5, вакви инциденти ќе има и во иднина.
Само за потсетување, денот кога во Грција беше запалено германското знаме, сите Германци кои планираа летовање во оваа земја, ги откажа своите аранжмани. Таквата постапка треба да биде пример, како се покажува образ и како се штити својата земја.
Иако се случуваат овие работи во Грција, Македонците и понатаму одат да летуваат на грчките плажи, па прашањето е до кога тие ќе ги трпат овие понижувања? Македонците кои решаваат да летуваат во Грција и понатаму се понижувани од Грците. Реакциите од грчките власти никаде ги нема, а за настаните во це

Пронајдете не на следниве мрежи: