Како „идеолозите“ на македонската „левица“ ме убедија да вложам 5 долари на лото!

Горазд постојано на својот Фејсбук профил има објави поврзани со актуелните  случувања во Република Македонија. Имено, тој преку своите објави постојано дава сопствена анализа за состојбите во земјава.Неодамна имаше интересна објава во врска со „идеолозите“ на  македонската левица…
Во продолжение може да го прочитате целосниот текст: 
„Ги читам „полемиките„ што се одвиваат на македонската „левица„, а во врска со патот што треба да го одберат за освојување на власта. Резимирано, еве ги нивните анализи и визии.1. Ние (СДСМ + партиите без идеологија, со 1 до 5 члена кои бараат ухлебље) сме скоро перфектни, но ги губиме изборите затоа што народот е неписмен, примитивен, на граница на ретардираност или начисто малоумен.2. На така дијагностициран народ, треба да му се ветат нешта кои тој сака да ги чуе, а кои ние, ЛЕВАЦИ додека владеевме, денес декларирани како левица, ниту можеме ниту сакаме да ги исполниме. Ќе ветиме сЕ, само за да ја освоиме власта, а после, после ќе правиме што сакаме.3. Народот нЕ памети како владеевме, нЕ памети за што се залагавме до вчера и ќе гласа за нас врз основа на ветувањата што ги даваме денес.4. Не ни треба вистински лидер во чии зборови некој ќе поверува, добар ни е овој, не ни требаат тимови на експерти кои ќе изготват програми за секоја позначајна област, не ни требаат млади и едуцирани луѓе затоа што ним ние сме им неприфатливи, доволни сме си сами себе.Мајка ми викаше дека играње игри на среќа е порез за малоумни. Одам да уплатам $5 лото. Шансата да добијам е 1:178.000.000 (милиони), но сеуште подобра од шансата на оваа македонска “левица” да најде доволно Македонци кои ќе и поверуваат и ќе и дадат доверба да ги води.“Неодамна имаше интересна објава во врска со „идеолозите“ на  македонската левица…

Пронајдете не на следниве мрежи: