Како изгледаше Широк сокак во минатото?

Сите го знаеме популарниот Широк сокак или „битолското корзо“ во убавиот македонски град Битола. Но, малкумина се оние кои се сеќаваат на стариот изглед на широк сокак. 
Официјалното име на улицата е „Маршал Тито“, но на битолчани, а и на целиот македонски народ им е познат како „битолско корзо“. Во минатото жителите на Битола оделе на корзо и уживале во прошетката на широк сокак. 
На почетокот, била наменета за автомобили, меѓутоа денес широк сокак е место полно со продавници, ресторани, кафулиња, театар за опера, галерии и слично. Тука може да ги сретнете најстарите архитектонски дела и градби на Балканот, коишто го красат градот уште од времето на Турците. 
На самиот крај на „битолското корзо“ се наоѓа спортската сала „Младост“ и се влегува во простран цветен парк, кој води до стадионот „Тубе кафе“, зоолошката градина и античкото пронаоѓалиште Хераклеја Линкестис. 
Преку оваа фотографија да се потсетиме како изгледаше Широк сокак во минатото. 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Сите го знаеме популарниот Широк сокак или „битолското корзо“ во убавиот македонски град Битола. Но, малкумина се оние кои се сеќаваат

Пронајдете не на следниве мрежи: